Ден Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција!

by vlatko 00:00
00:00

Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз.

Уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година.

Овие шокантни наводи за паралелниот увоз на лекови ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“. Тој делумно открива и кој најмногу ќарил од воведувањето на паралелниот увоз:

„Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски.“

Дончев говори и за пет стратешки прашања за нашиот урнисан здравствен систем, за апсурдот со позитивната листа на лекови, децентрализираниот систем на набавки, за фактот што државата за некој пациенти е мајка, а за некои маќеа.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”