Дали ВМРО ќе прифати вонредни парламентарни избори, ако ДУИ го победи ВЛЕН на локалните избори?

by bogdan 10:50
10:50

Доколку ВЛЕН освои повеќе гласови на советничките листи и поголем број градоначалнички места, тогаш актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да функционира мирно и стабилно сè до следните редовни парламентарни избори.

Но, ако ДУИ постигне чиста и недвосмислена победа, која би подразбирала и победа во општините каде што директно ќе се судри со фронтмените на ВЛЕН (Чаир и Тетово), тогаш ВМРО ќе биде пред избор дали да прифати брзи вонредни избори по кои би можеле да се доведат во ситуација да коалицираат со ДУИ, и тоа само една година откако бараа доверба од граѓаните за да ја пратат оваа партија во опозиција, со цел да се декриминализира и да се реформира?

Или, пак, и покрај поразот на ВЛЕН, ВМРО ќе одлучи да го продолжи векот на актуелната владејачка гарнитура, со ризик во таква атмосфера и констелација најмногу да страда токму ВЛЕН, но со надеж дека во тој период ќе дојде до одредени потреси во ДУИ и нивната коалиција?

И, што доколку на изборите има нејасна слика, односно ДУИ победи на советничките листи, а ВЛЕН да освои повеќе градоначалници?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК