Кога Скопје би бил град со чист воздух, да речеме кога сите би се грееле на струја и сите би се возеле во возила на електричен погон, никој не би бил премногу загрижен за некојси таму национален парк, кој е под удар на алчни инвеститори или за шуми што се масакрираат или за планини што се ископуваат поради нови рудници.
Што ти е гајле за чистиот воздух некаде во провинција, кога ти чист воздух си имаш и дома, во златното Скопје. Арно ама, кога Скопје не е златно, туку е смрдливо, секогаш на ум ќе ти дојде чистиот воздух што си го дишел во Берово или во Крушево, Маврово или на Пелистер и си викаш дека тие места мора да се заштитат по секоја цена.
И не само конкретните места да се зачуваат, туку и пристапот до нив, значи имаш посилен интерес државата да инвестира во обнова и одржување на инфраструктурата.
Не само добри патишта што и зиме ќе бидат проодни, туку да има редовно таму и струја и интернет, оти кога си на викенд таму, тие цивилизациски придобивки не сакаш да ти фалат.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК