Дали партиите се големи затоа што се атрактивни или се атрактивни затоа што се големи?

by bogdan 16:56
16:56

Статусот во однос на суштината е еквивалент на фискалната сметка во однос на продуктите наведени на неа дека се купени. Да се радуваш на некаков елитен статус, без да имаш постигнато соодветна суштина е налик на тоа да се радуваш што во продавница си добил фискална сметка откако си платил колку што пишува на сметката, ама во рацете немаш ниеден од продуктите за кои си платил.

Ако штедиш неколку години, колку и да си беден, ќе можеш да заштедиш доволно пари за да си купиш некој скапоцен часовник од ексклузивна марка.

Можеби и ќе ти останат пари за костум и за чевли од елитни брендови. Ако ги носиш облеката, обувките и часовникот со самодоверба и елан, можеби ќе личиш на господин човек.

Ама џабе, ако под таа маска сѐ уште си голтар.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК