Уште пред двојните избори, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ целосно ги нарушија односите и влегоа во отворена конфронтација, а последната и главна причина за таквиот анимозитет беше обидот на ДУИ да го врати Груевски во земјава, што во ВМРО-ДПМНЕ беше протолкувано како мешање во нивните внатрешни работи.
Во таква ситуација, ВМРО-ДПМНЕ ги стимулираше превирањата во ДУИ со „огнената група“, додека по изборите направи влада со ВЛЕН.
И покрај тоа, ДУИ дава(ше) сигнали дека сака да подаде рака и да го скрши мразот кон ВМРО-ДПМНЕ, како на пример со поддршката на законскиот пакет за реорганизација на државната управа.
Сепак, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да гради партнерство со ВЛЕН, кое беше исклучително продуктивно на локалните избори, кога ДУИ не постигна убедлива победа за да предизвика вонредни избори по кои би се вратила на власт.
Арно ама, се поставува прашањето дали, кога и во какви услови е можно обновување на старото партнерство меѓу ВМРО и ДУИ, кое функционираше десетина година?
Дали промената на лидерските позиции во двете партии, што, според најавите на Мицкоски и сигналите на Ахмети, треба да се случи безмалку истовремено за неколку години, може да создаде атмосфера за повторна соработка, особено ако во меѓувреме ВЛЕН влезе во процес на внатрешни раслојувања?
Имено, повеќе од јасно е дека актуелниот модел со Меџити и Касами како копретседатели на ВЛЕН е привремено решение и само прашање на време е кога ќе се отвори битка кој да биде единствен партиски лидер.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК