Дали Груби ќе „пропее“ за тројца сопартијци од ДУИ, за поранешен генсек на СДСМ и за брат на експремиер?!

by bogdan 10:59
10:59

Според сознанијата на „Фокус“, по политичките промени, Ахмети направил обид по политички пат да му обезбеди на Груби подобар терен за правна битка, но тогаш бил категорично одбиен од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Но, дали нешто се промени во меѓувреме?

Блиски луѓе на Груби тврдат дека тој со тешко срце заминал и дека тешко издржувал далеку од неговиот дом и семејство. Доколку е така, дали тој паднал во криза, решил да се врати без посебни очекувања, или, пак, неговата состојба била, условно кажано, искористена од противници на ДУИ, кои го придобиле на своја страна?

Според доброупатени извори, Груби подолго време се обидува по разни политички, но и семејни канали да направи договор за негово враќање, кои со текот на времето се засилувале поради повеќе причини – сакал да се врати дома кај семејството, се чувствувал отфрлен и заборавен од Мала Речица, бил мета на закани…

Ако сето тоа го навело Груби да бара и обезбеди камбек под поволни услови (куќен притвор), тогаш што е она што може да го даде за возврат?

Како што вели претставник на власта, Груби навестил дека ќе проговори и ќе каже сè што знае за повеќе поранешни сопартијци во партијата и во владата.

Наводно, човекот што се наоѓа на „црна листа“ на САД, составил своја „црна листа“, каде што 5 лица биле во преден план – Блерим Беџети, Крешник Бектеши, Бујар Османи, Миле Зечевиќ и Вице Заев!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК