Дали генерал Котески влијаел врз судството во корист на својот брат?

by Фокус

Веќе извесен период се води битка во едно од осумте друштва што произлегоа од некогашниот прилепски гигант „Центропромет“ – „Текстил“, подоцна преименувано во „Берлин компани“.

Откако вработените не ја искористија можноста да го дооткупат општествениот удел во претпријатието, во него однадвор влегува „Колекс компани“, каде што содружници се градоначалникот на Новаци и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски, како и Коле Талески, дедо на Борче Котески, кој, пак, е брат на началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески.

Тие се соочуваат со обвинувања и со кривични пријави од поранешниот соработник, кој воедно е нивни прв братучед Кирил Милошески, дека го распродале имотот на компанијата, си префрлувале пари на други фирми и на приватни сметки, како и дека влијаеле врз судството за да обезбедат позитивни пресуди.

Од друга страна, пак, тој е предмет на судски прогон поради клевета поради неговите тврдења, па и на контраобвинувања дека се одмаздува зашто не успеал да го приграби посакуваниот имот. За што, всушност, станува збор?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”