Да не беше СДСМ против дата-центрите, Мицкоски ќе требаше да го убеди да биде

by bogdan 15:59
15:59

Во Албанија, на пример, каде што веќе неколку месеци има масовни протести против обидот на владата да продаде еден остров за на него американски инвеститори да изградат луксузни хотели, премиерот Еди Рама против крајно забеганите теории на заговор што се појавија излезе со теории на заговор дека зад граѓанскиот отпор кон иницијативата стојат руски, српски и грчки тајни служби, кои така сакаат да ѝ наштетат на Албанија, со тоа што ќе ја скараат со Америка.

Мицкоски нема друг избор, освен да извади тези дека против дата-центрите, отпорот е креиран од странски структури, од Бугарија и Косово да речеме, кои сакаат Македонија да биде слепо црево на технолошката и економската мапа на 21 век, со цел полесно да ја поделат и распарчат.

Тука, отпорот на СДСМ против дата-центрите е добредојден за ВМРО-ДПМНЕ. За да помине полесно тезата дека кој е против нив, им служи на странски душмани, да не беше СДСМ против дата-центрите, Мицкоски ќе требаше да ги убеди да бидат. Kој вели и дека не ги убедил?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК