Човек може да не се интересира за политика, но тоа не значи дека политиката не се интересира за него

by bogdan 13:42
13:42

Ако пред осум децении, водачите на СССР, САД и на Велика Британија биле нарекувани „големата тројка“, во наше време, Мицкоски му доаѓа нешто како Сталин оти е семоќен лидер на најголемата сила, која ги презема најголемите ризици и ги задава најсилните удари.

Максим Димитриевски е нешто налик на Френклин Рузвелт, тој е лидер на сила во подем, која расне и чие време допрва доаѓа, а ВРЕДИ е баш како Обединетото Кралство, стара сила составена од еден куп колонии (кај нив, партии), која се бори да преживее и да остане релевантна, па кој и да е лидерот таму ја игра улогата на Винстон Черчил.

Ако лидерите на партиите се големата тројка, сите поситни политичари што сакаат да бидат нивни кандидати на локалните избори се во улогата на асномците. Пресреќни што се на победничката страна и што ќе добијат нешто благодарение на тоа.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК