Болни умираат чекајќи снимање, а илјада пациенти чекаат некој да им ги прочита резултатите!

by vlatko 00:00
00:00

Татко ми го погребавме, а за еден месец ни стигна термин за пет скен – ова е само еден од случаите, кога болните од рак водат битка и со болеста, но и со здравствениот систем.

Долгото чекање за да се дојде до закажаниот термин за специјалистички прегледи во јавното здравство, честопати поради итноста на болеста, ги принудува пациентите да побараат помош преку пријатели за побргу да го направат потребното снимање, а дел од нив „спасот“ го бараат во приватното здравство, каде што услугите се прескапи. „

Фокус“ успеа да дојде и до податоците од „Мој термин“ за тоа како, кога, во кои градови и дали воопшто има слободни термини за снимање за компјутерска томографија, магнетна резонанца, ангиографија, пет скен…

И покрај тоа што пациентите со месеци чекаат за снимање, тие уште по неколку месеци чекаат за некој потоа да им ги прочита резултатите.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК