Објавувањето на досега непознати информации во врска со неуспешниот обид за враќање во земјава на Никола Груевски, при што ги откривме сите детали за начинот на кој била документирана и разоткриена „тајната“ средба во претседателката вила на Водно, резултираше со генерален молк од прозваните актери, што можеби е најдобра потврда за веродостојноста на сознанијата, кои се долго прибирани и внимателно проверувани од најрелевантни можни извори.
Всушност, сторијата предизвика големо внимание и интерес, но не и јавна реакција, т.е. ниту потврда, ниту демант од ниеден од учесниците на фамозната средба, со исклучок на Бујар Османи од ДУИ.
Иако тој деновиве потврди дека се одржала оваа и многу други слични средби, па дури и призна дека барале начини како да се дојде до двотретинско мнозинство за уставни измени, нему текстот му изгледал како филмско сценарио, така што му фалело само уште да стои „Нетфликс ориџинал“ за да биде комплетен.
Па еве, веднаш ќе се коригираме и ќе му го направиме ќефот, но со една дополнителна додавка, сообразена со последниот развој на настаните, кога неговиот сопартиец Артан Груби се најде на црната листа на САД – Black list: Netflix original!
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК