Запуштениот тревник веднаш до малата бензинска пумпа „Макпетрол“ близу МРТВ, кој долго време функционираше како див паркинг, деновиве беше заграден, а багери, камиони и друга механизација внатре почнаа да копаат јама и да изнесуваат земја.
На самото место не може да се види никаков натпис, меѓутоа проверките што ги извршивме во надлежните институции покажуваат дека ова земјиште е во сопственост на „Омега Билдинг“, чиј моментален сопственик е друга компанија – „Делта 2015 Констракшн“ на познатиот кардиохирург од „Аџибадем Систина“, Александар Николиќ, кој впрочем двете компании во изминатиот период ги презеде од „Бетон Штип“ и „Орка Холдинг“ на Камчеви – малцински акционери во „Систина.“
Всушност, оваа локација е залепена со соседниот руиниран објект, кој, заедно со најголем дел од околното земјиште, е во сопственост на добропозната компанија за јавноста.
Станува збор за „Вато“, која беше обвинета за наместен тендер во РЕК Битола, меѓутоа судскиот процес заврши со затворска казна за Сеад Кочан, чија „Трансмет“ пропадна“, додека Сафет Ватиќ беше ослободен, а неговата „Вато“ продолжи да работи на пазарот, па дури и продуктивно да соработува со јавни органи.
Документацијата што ја обезбеди „Фокус“ открива како двете компании го стекнале ова атрактивно земјиште меѓу „Макпетрол“ и мостот „Беласица“, односно меѓу булеварот Гоце Делчев и кејот на Вардар, каде што ДУП-от „Судска палата“ предвидува 2 градежни парцели, односно изградба на 2 објекти со максимум 40 метри висина, со приземје и 10 ката, чија намена е Б4 – деловни простории.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК