Асфалтна мафија: Како автопатот Миладиновци – Штип поскапе двојно?

by fokus

Иако требаше да биде пуштен во употреба во мај годинава, изградбата на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип длабоко ќе го пробие зацртаниот рок, бидејќи, според податоците што ги обезбеди „Фокус“, досега се комплетирани само 60 отсто од оваа автопатска делница.

За реализација на овој проект, Јавното претпријатие за државни патишта досега повлекло 120 милиони евра од кинескиот кредит од 206 милиони евра предвиден за оваа делница, меѓутоа постојат многу дополнителни и странични трошоци што паѓаат на товар на македонскиот буџет, кои само досега изнесуваат над 20 милиони евра.

Без овие трошоци, автопатската траса чини 4,3 милиони евра по километар, што е поскапо од многу автопати што се градат во Европа и во регионот

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”