Ако политиката е како комар, народот не треба да е коцкарот, туку треба да е казиното!

by vlatko 00:00
00:00

Секој гласач што ќе се разочара од ВМРО-ДПМНЕ, а сака да го изрази својот револт, речиси по автоматизам ќе биде привлечен да гласа за советничките листи на Левица, со што таа партија ќе може да добие многу повеќе советнички места отколку што би добила во нормални услови.

Ако Левица добие многу гласови, тоа е добро и за луѓето што работат во западните амбасади на темата „стопирање на порастот на руското влијание“.

Оти, иако околу ВМРО-ДПМНЕ гравитираат проруски ориентираните гласачи, раководството на партијата е лојално на прозападниот курс и колку и да добие гласови, нема за што да се секираат странците.

Ама ако антизападната и проруска Левица се засили и придобие многу од разочараните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе значи дека повеќе пари ќе треба да добијат луѓето задолжени за борба против руското влијание, со цел да се засили таа борба.

Така што парадоксално, и проруските и антируските сили во земјава, во крајна линија имаат ќар од борбата што ја води Данела Арсовска против урбаната мафија. Едните ќе добијат повеќе гласови, а другите ќе добијат повеќе пари.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК