Ако политичарите се оперирани од срам, граѓаните треба да се вакцинирани од доверба во нив

by vlatko 00:00
00:00

Да, политичарот нешто му ветил на народот. Ама за да се оствари ветеното, неопходен услов е и другите политичари да си го одржат зборот и да не прават глупости.

А бидејќи тие другите не си останале верни на дадениот збор, испаѓа дека тие се виновниците за неисполнетото ветување.

Ќе имаше инвестиции од Субрата, ама индиските власти го малтретираа и поради тоа не испадна ништо од сето тоа. Ќе дојдеа и Гугл и Фејсбук кај нас, ама деструктивната опозиција ги закочи реформите, па поради тоа не дојдоа гигантите.

Од Унгарија и Турција се најавени инвестиции тешки милијарди евра, ама ЕУ му прави проблеми на Орбан, длабоката држава го саботира Ердоган и поради таквите нешта врз кои ние немаме контрола, сепак ние ќе страдаме.

Тоа што едни политичари не си стојат на зборот им помага на другите политичари, кои, исто така, не си стојат на зборот, да се вадат дека не е до нив, дека не се тие виновни, туку се колатерални жртви на околности врз кои немале влијание.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК