Ескалираше внатрешниот конфликт меѓу двете спротивставени фракции во СДСМ. Од една страна, поранешните функционери од ерата на Бранко Црвенковски – Игор Ивановски, Андреј Петров и други, обединети во платформата „12.05“, бараат Венко Филипче да си замине од лидерската позиција, обвинувајќи го дека е егзекутор на највалканиот дил во поновата политичка историја.
Наспроти тоа, Филипче ги нарече пучисти и вмровска шема за деградирање и разнебитување на СДСМ. Доколку иницијаторите за промени не успеат да го убедат или натераат Зоран Заев да се откаже од неговото протеже на чело на СДСМ, тогаш Филипче ќе ја зацврти власта во опозициската партија, но и на политичката сцена генерално, особено ако притоа се ослободи и од впечатокот дека СДСМ е контролирана опозиција, на тој начин што ќе ја убеди јавноста дека платформата е таа што одработува за власта.
Всушност, слични маневри за пренасочување на негативната перцепција и енергија веќе се случувале, кога тоа го направи Христијан Мицкоски со Сашо Мијалков, Никола Груевски со Љубчо Георгиевски итн.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК