Како да се мотивираат граѓаните да излезат на гласање? Многу просто, со примена на концептот на лотарија од сферата на игрите на среќа во сферата на политиката.
Секој граѓанин што ќе дојде на избирачко место и ќе уфрли гласачко ливче во кутијата, од страна на комисијата на излегување ќе добие по една грепка и едно ливче во стилот на оние за бинго.
Грепката веднаш ќе може да ја изгребе и да види дали нешто му се паднало, па ако му се падне, ќе се пофали кај соседите и пријателите по социјалните мрежи, за и тие да се полакомат и да дојдат да гласаат и да добијат грепка и ливче за бинго, кое, пак, ќе им даде право да очекуваат вредни награди во извлекувањето на телевизија, кое ќе оди вечерта додека се чекаат изборните резултати.
Во земја во која народот е до тој степен навлечен на коцкање што спортски обложувалници и казина има на секој чекор, зар оваа идеја нема да придонесе за максимален можен одѕив од страна на граѓаните?
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК