Ако има пари – заслужен е Груевски, а ако нема пари – виновен е Заев!?

by Фокус

Дури и да му тргнеше од рака на СДСМ да спречи било какво ново задолжување, итроманите од ВМРО-ДПМНЕ ќе најдеа начин да предизвикаат доцнење на платите и пензиите, за што ќе ги обвинеа кадрите во Владата од редовите на СДСМ.

И никакво објаснување со факти и аргументи од страна на СДСМ немаше да ги убеди оние на кои им доцнат платите и пензии дека за тоа нешто е виновна ВМРО-ДПМНЕ. Оти, додека беше сама на власт платите и пензиите не доцнеа, а само што влегоа „комуњарите“ се случи банкрот.

Колку што е невозможно да убедиш милиони луѓе кои сега живеат на територијата на бившата СФРЈ дека виновен за крахот на Југославија е токму Тито кој земал кредити без мерка и со тие пари го купувал социјалниот мир, а не неговите наследници кои дојдоа на власт дури откако веќе беа исцрпени сите можности за земање нови кредити па немаше друг излез освен да „прогласат стечај“ на заедничката држава и да ги „дадат на продажба“ деловите од неа на Западот, исто толку е невозможно да ги убедиш пензионерите и вработените во државните институции дека Груевски е виновникот што одеднаш нема пари во државниот трезор.

Тито имаше среќа да умре пред да пресушат кредитите, а исто и Груевски се офајди со тоа што сега може на некој друг да ја префрли вината за сите лоши последици од неговото расипничко владеење.

Ако има пари значи, заслужен е Грујо. Ако нема пари крив е Заев. Вин-вин ситуација за ВМРО-ДПМНЕ.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”