Ако државата е куќа, во неа домаќинот е народот, а секој политичар, дури и најмоќниот, е само домазет

by bogdan 15:56
15:56

На Галичката свадба, невестата го гледа низ прстен младоженецот. Кога ќе се испокараат луѓето кои до вчера биле заедно во иста партија, тие едни со други се гледаат како низ нишан. Слично, невестата ги пречекува гостите и разменува со нив традиционални дарови.

Па, и партиските активисти, кога ќе се скараат едни со други разменуваат традиционални навреди од типот на тоа кој е таен играч на власта, кој работи за службите, кој е платен да ровари, кој е уценет со кривични постапки, кој е тројански коњ, кој е шпион и кодош, кој никогаш не бил искрен член на партијата, туку само за интерес се зачленил и слично.

Тоа се традиционални навреди што се користат и кога има раскол кај вмровците и кога се случува, како што е актуелно, раскол кај сдсмовците, па и во албанскиот блок, оти и таму партиските расколи имаат богата и славна традиција.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК