Финска спроведува национален тест на сирените за итно предупредување како дел од проверката на подготвеноста на системот за цивилна заштита. Властите најавија дека во иднина сирените ќе се користат и за предупредување од непријателски или неидентификувани дронови.
Покрај звучните сигнали, граѓаните ќе добиваат известувања и преку мобилната апликација „112 Суоми“. Одлуката доаѓа по серија инциденти во северна Европа, вклучително и нарушувања на воздушниот простор од беспилотни летала.
Неодамна Финска привремено го затвори аеродромот во Хелсинки поради појава на неидентификуван дрон во близина на важен нафтен објект. Слични случаи беа регистрирани и во Естонија и Латвија, каде што НАТО-авиони интервенираа поради сомнителни летала.
Со новите мерки, Финска сака населението да биде подготвено за сè почестите воздушни закани и безбедносни ризици во близина на границите на НАТО.