Филков најави измени на 30 закони за независно правосудство

by vlatko 13:34
13:34

Министерот за правда, Игор Филков, денеска изјави дека владеењето на правото и независноста на судиите се врвните приоритети на Владата. Тој најави голем реформски пакет кој опфаќа измени на триесеттина закони, кои треба да го трансформираат судскиот систем. Филков истакна дека транспарентните механизми за избор и одговорност се клучни за враќање на довербата на граѓаните.

-Подготвивме измени на триесеттина закони кои се од суштинска важност. Имаме можност да создадеме правосудство на кое сите ќе можеме да се потпреме, правосудство кое е транспарентно, професионално и непристрасно. Независноста на судиите е централен столб на владеењето на правото – нагласи Филков.

На сесијата беше потенцирано дека новите законски решенија ќе понудат цврста рамка за дисциплинирање и унапредување на судиите, со цел да се елиминираат сите форми на надворешни влијанија.

Слични вести