216
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека доколку избори бидат распишани СДСМ ќе учествува на тие избори и ќе се бори со сите демократски средства.
Воедно, тој ја образложи одлуката зошто не прифаќа лидерска средба со премиерот Христијан Мицкоски.
-Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија на одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес. Не смее да се укине техничката влада која е единствена можност за фер и демократски избори.
Не ја сакаат бидејки кога ќе влезе министер од опозицијата чесно ќе се откриваат претходни криминали и злоупотреби. Јасно кажавме дека станува збор за прво избори, а потоа мигранти за пари – рече Филипче.