Филипче: Македонскиот идентитет го загрозува криминалот на Мицкоски, а не малцинствата

by vlatko 11:30
11:30

Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што тие прават, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

-Намерно сакаат да ja изолираат земјава од Европа, за да ja сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет.

Кога малцинствата се дефинирани и се гарантирани со највисок правен акт на државата, тоа не не слабее туку, не прави посилни и ја зајакнува кохезијата во општеството. Силна држава се прави со вклучување, не со исклучување. Единственото што е вистински загрозено со уставните измени е криминалната група на ВМРО и Христијан Мицкоски лично.

Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партискиот грабеж на државни, народни, граѓански пари.

Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема дозволи нашиот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција. Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија – рече Филипче.

Слични вести