Филип Недев освои бронза на Европското првенство во Шчечин

by irena 11:40
11:40

Младиот каратист Филип Недев го освои третото место во кати на Европското првенство, одржано од 23 до 26 октомври 2025 година во Шчечин, Полска.

Во силна конкуренција, Филип се истакна со прецизна техника и голем борбен дух, обезбедувајќи место на победничкиот пиедестал и уште еднаш достојно ги бранеше боите на Република Северна Македонија.

Особено емотивен е фактот што пред точно 35 години, токму во истиот град, неговиот татко Аљоша Недев ја освои својата прва бронзена медаља од Европско првенство.

Денес, младиот Филип, чекорејќи по стапките на својот татко, го повтори истиот резултат, продолжувајќи ја семејната традиција и докажувајќи дека карате духот на семејството Недеви живее и напредува со иста страст и посветеност.

Покрај Филип, на Европското првенство настапија и Камелија Недев, Тадеј Недев и Софија Јарчевска, претставувајќи ја Македонија со ист борбен дух.

Со оваа медаља, Филип не само што ја зацврсти својата позиција меѓу најперспективните млади каратисти во Европа, туку и покажа дека иднината на македонското карате е светла и исполнета со талентирани млади надежи.

Бронзата е големо признание за неговиот труд, талент и дисциплина и најавува уште поголеми успеси во годините што доаѓаат.

Слични вести