Фатени се тројца крадци во Кавадарци, украле сеф со злато и пари

by admin 13:44
13:44

МВР информира дека синоќа од 23.05 до 02.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Б.К.(49), В.Ј.(37) и Г.Н.(38), сите од Кавадарци, поради сомнение дека извршиле кривично дело „тешка кражба“.

Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во домот на 33-годишен маж од Кавадарци и одзеле сеф со пари и златен накит.

При преглед кај нив се пронајдени и одземени поголем дел од парите и предметите и истите ќе бидат вратени на сопственикот.

Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични вести