Фатени се 15 мигранти во гевгелиско – приведени двајца криумчари

by irena 13:30
13:30

МВР информира дека синоќа околу 20 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци.

Претходно, на местото, полициските службеници забележале група oд 16 мигранти (13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија) и во нивна близина е затекнат Д.Ј. со возило „шевролет каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки.

При преземање мерки констатирано е лицето од Сирија Х.А.(28) му помагало на Д.Ј., односно со другите лица илегално ја преминале државната граница и ги спровело до местото.

Исто така, при преземање на мерки, констатирано е дека регистарските таблички од возилото се пријавени за украдени, односно припаѓаат на друго возило.

Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а возилото е одземено. Д.Ј. и Х.А. се задржани во полициска станица, известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести