Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но без „македонски јазик и идентитет“

by irena 13:23
13:23

Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, а по силните бугарско-грчки лобирања од финалната верзија беа отстранети формулациите кои директно се однесуваат на „македонскиот јазик и идентитет“.

Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.

Извештајот го опфаќа напредокот на Македонија во клучните области за евроинтеграција, како и препораки за понатамошни реформи.

Слични вести