ЕУ ќе и даде 26 специјализирани возила на Царина за да се справува со криминалот

by irena 13:21
13:21

Амбасадорот на Европската Унија – Михалис Рокас во понеделник ќе предаде 26 специјализирани возила и форензичка и ИТ опрема на Царинската управа во вредност од 4 милиони евра.

Возилата финансирани од ЕУ (21 за мобилната единица и пет за единицата К-9) и форензичката опрема ќе ги зајакнат капацитетите на царината за борба против организираниот криминал што влијае на трговијата и синџирите на снабдување.

Со зголемувањето на трговијата, се зголемува и нелегалното движење на стоки, возила и луѓе, што ги прави методите на царинска измама и шверц пософистицирани. Затоа е важно системите за царинска контрола да се зајакнат за да се спречат и откријат царински измами и нелегална трговија со стоки, а воедно да се олесни трговијата и да се постигне вистинско партнерство со деловната заедница.

ИТ опремата е поврзана со надградената серверска просторија во главното седиште на царината, додека софтверот поставува нов унифициран систем на корисници за управување со економските оператори во Северна Македонија, т.е. единствен број за регистрација и идентификација (ЕБРИ) и дигитален потпис. Овие капацитети за царинење финансирани од ЕУ им ја олеснуваат работата на компаниите со ЕУ.

Слични вести