158
ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако по изведувањето пенали го совлада Арсенал во големото финале.
Шпанскиот стратег Луис Енрике, кој со овој триумф стигна до својата трета титула европски шампион како тренер, по натпреварот не го криеше задоволството од новиот голем успех.
-Чувствата ми се измешани, најмногу возбуда и замор. Освоивме две европски титули по ред, што е навистина неверојатно. Ова е најубавиот момент од сезоната. Заслуживме да ја освоиме титулата. Беше многу тешко. Му честитам на Арсенал, одиграа одличен натпревар. Се обидоа да играат на своите силни страни и да го контролираат мечот, но ние победивме. Дали сум легенда? Тоа не ме интересира – изјави Енрике.