Екипи на „Македонија пат“ расчистуваат одрони на делницата Делчево-Македонска Каменица

by valentina 09:49
09:49

Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од утринава расчистуваат одрони на магистралниот пат А3 на делницата Делчево-Македонска Каменица, кај селото Очипала. Сообраќајот не е во прекин, а возилата се пропуштаат по кратко задржување додека трае расчистувањето.

Според информациите, одрони има и на други места вдолж магистралата, поради што на возачите им се препорачува да се движат внимателно и со прилагодена брзина.

Покрај на оваа магистрала, Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека одрони има и на патниот правец Отешево-Сирхан, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Слични вести