174
Единствените семафори на фреквентната раскрсница во Велес се надвор од функција веќе повеќе од еден месец, што предизвикува реакции кај граѓаните. Пешаците и возачите секојдневно реагираат поради зголемениот ризик и нарушената безбедност во сообраќајот, објави „Дума.мк“.
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, информираше дека постојните семафори се поставени пред околу дваесет години и дека работат со застарена технологија, за која повеќе не постојат резервни делови.
Во предлог-измените на Програмата за ребаланс на буџетот на Општината се предвидени средства за набавка на нови семафори. Точката е веќе ставена на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Велес, која ќе се одржи во понеделник, на 21 јули.
извор: Дума.мк