(ВИДЕО) ДЗС: Ризичен пожар изби кај валандовско Удово

by irena 17:50
17:50

Попладнево околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското с. Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната депонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација, информираа од ДЗС.

Оттаму велат дека поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на градоначалникот Ѓоко Камчев, веднаш беше побарана воздушна помош.

„Набргу потоа полетаа два „ер трактори“ на ДЗС. Врз пожарот е воспоставена делумна контрола, но се уште е активен на еден негов крак. Пожарот кај с. Удово е изгаснат“ соопштија од ДЗС.

Слични вести