271
Две малолетни девојчиња се тешко повредени во несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 15 ноември околу 17:00 часот, 15-годишна малолетничка од село Инџиково, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во падот со тешки телесни повреди се здобила и таа и нејзината 14-годишна сопатничка.
Повредените девојчиња биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им биле констатирани повредите. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.