167
МВР информира дека синоќа во 21:10 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на ул. „Душан Преграц“ во Неготино, 12-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишникот, а со телесни повреди се здобил неговиот 14-годишен сопатник од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.