Двајца пензионери нападнати во Кисела Вода

by irena 09:42
09:42

Во Кисела Вода нападнати се две повозрасни лица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 3 јуни околу 20:25 часот, кога 39-годишен скопјанец физички ги нападнал Т.Ј. на возраст од 82 години и М.А. на возраст од 73 години, двајцата од Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести