Двајцата бугарски државјани, уапсени под сомнение дека учествувале во подметнување пожар на градилиште во близина на компании за одбранбени технологии во Минхен, денеска треба да се појават пред истражен судија.
Германската полиција уапси 38-годишен маж и 28-годишна жена во Минхен, под сомнение дека во текот на ноќта се обиделе да предизвикаат пожар пред две компании од одбранбената индустрија.
Според досегашните информации, цел на нападот биле компаниите „Роде и Шварц“ и „Хелсинг“.
Инцидентот се случил во близина на градилиште, каде што осомничените, наводно, од автомобил во движење фрлиле повеќе запаливи направи.
Полицијата реагирала веднаш по дојава од сведок кој забележал сомнително однесување. Патрола брзо пристигнала на местото, а две од фрлените направи се запалиле.
Пожарот бил навреме изгаснат, при што е причинета само помала материјална штета.
Осомничените биле приведени кратко по инцидентот. Според германскиот јавен сервис „Бајерисчер Рундфунк“, станува збор за бугарски државјани.