94
Кривично ќе се гонат двајца 18-годишници затоа што претепале 23-годишна девојка во Тетово.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(18) и Н.П.(18), двајцата од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.04.2026 во Тетово, пријавените физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од села Туденце, општина Јегуновце, нанесувајќи ѝ повреди, соопштија денеска од МВР во дневниот билтен.