Дваесет луѓе загинаа во силен земјотрес во Индонезија

by vlatko 09:18
09:18

Спасувачките екипи пребаруваат низ урнатините во потрага по преживеани, откако силен земјотрес ја погоди областа во близина на островот Флорес во источна Индонезија, при што загинаа најмалку 20 лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.

Спасувачот Фатур Рахман изјави за „Франс Прес“ дека е потврдена смртта на најмалку 20 лица на четири различни локации на островот, кој е популарна дестинација за туристите.

-Според информациите со кои располагаме, загинаа 20 лица, шестмина се повредени, а две лица се сè уште затрупани – изјави Фатур, додека патуваше со брод кон регионот Нагекео, областа што претрпе најтешки последици.

По земјотресот со јачина од 7,7 степени, се знае дека две лица останале заробени под урнатините во соседната област Мангарај.

-Нашиот фокус ќе биде на пронаоѓање на жртвите затрупани под урнатините – изјави Фатур, додавајќи дека спасувачките напори биле отежнати поради одроните што блокирале неколку патишта.

Слични вести