Два масакри за само неколку часа во Јужна Африка

by vlatko 15:52
15:52

Најмалку 27 лица се убиени, а уште 26 се повредени во две одделни масовни престрелки во Јужна Африка, едната западно од Јоханесбург, а другата во близина на Кејптаун.

Во првиот напад, 17 лица беа убиени, а 15 се повредени кога вооружени напаѓачи отвориле оган во бар во населбата Ведела, југозападно од Јоханесбург.

Според јужноафриканската полициска служба (SAPS), гостите пиеле внатре и пред барот кога осомничените пристигнале и почнале да пукаат кон луѓето што биле надвор.

Потоа напаѓачите влегле во барот и продолжиле да пукаат кон гостите внатре. Според досегашните информации, биле вооружени со пушки „АК-47“ и пиштоли.

Полицијата соопшти дека осомничените наводно претресле дел од гостите и им ги одзеле мобилните телефони, по што побегнале со две неидентификувани возила. Две возила биле и запалени за време на нападот.

Во престрелката, која се случила околу 21:30 часот, загинале 13 мажи и четири жени. Петнаесет лица со прострелни рани биле пренесени во здравствени установи.

Полицијата започнала истрага, а во потрагата по осомничените се вклучени детективи и специјализирани единици. Засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот не е утврден.

Слични вести