171
Два автомобила целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, спречено е ширење на огнот кон останатите возила и околните објекти.
Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле паркирани десетици автомобили, што дополнително ја зголемило опасноста од поголема материјална штета. Огнот зафатил две возила кои целосно изгореле.
Извршен е увид на местото на настанот, а полицијата работи на утврдување на причините за избувнување на пожарот.