ДУИ: Се пренасочуваат средствата за изградба на булеварот „Хасан Приштина“

by vlatko 15:32
15:32

ВЛЕН ги пренасочува средствата за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ познат како Качанички пат, а автопатот Скопје-Блаце без овој булевар претставува непотполна врска што треба директно да го поврзе со Скопје, реагираат од ДУИ. Оттаму посочуваат дека со одлуката за пренaсочување на средствата покажува дека ВЛЕН нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект.

„На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои осум милиони евра за изградба на булеварот Хасан Приштина, во правец кон Косово до скопската обиколница, каде требаше да се поврзе со обиколницата и со автопатот Скопје-Блаце. ДУИ обезбеди два милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот Словенечка, како и шест милиони евра за реализација на булеварот Хасан Приштина, средства што беа префрлени на Град Скопје.

Сега, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, ВЛЕН ги пренасочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен показател на нивната неспособност да реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однод на поврзувањето Скопје-Блаце“, стои во партиската реакција.

Слични вести