ДУИ: Наместо ЕУ, ВРЕДИ донесе „српски свет“

by irena 10:11
10:11

Прво ветија дека веднаш по конституирањето на Собранието, пред формирањето на Владата, ќе бидат усвоени уставните измени за продолжување на европскиот пат. Излажаа!. Потоа ветија дека во првите 100 дена на Владата ќе го сменат Уставот. Повторно излажаа! Подоцна ветија дека во рок од три месеци ќе го исполнат тоа ветување. Пак излажаа! Тримесечниот рок го продолжија и ветија дека во првото полугодие на Владата ќе го сменат Уставот. Излажаа како и секогаш!, соопштија денеска од опозициската ДУИ.

Од партијата велат „За време на сите овие ветувања повторуваа дека ако не го сменат Уставот, ќе ја напуштат Владата. И тука излажаа! Наместо Европска Унија, ВРЕДИ донесе „српски свет“ заедно со Додик, Вучиќ, Русија и Кина на врвот на државата. Секојдневни скандали, невидена неспособност, сервилност и вазалство со незамисливи размери, понижување, презир, неуспеси и една голема НУЛА – тоа се карактеристиките на ВРЕДИ. Но ни тоа не е доволно за тие да ја исправат кичмата и да си заминат од срамот што ги зафати“.

„Потсетуваме за да не се заборави никогаш:

• Ветија 2.500 вработувања, граѓаните завршија со нула.

• Ветија 10.000 евра за секој граѓанин, граѓаните завршија со нула.

• Ветија Академија на албанските науки, го донесоа Додик.

• Ветија албанска банка, ја донесоа српската банка.

• Ветија уставни измени и европска интеграција, донесоа Српски Свет.

• Ветија национални програми, го донесоа српскиот МТЕЛ.

• Охридскиот договор му го предадоа на путинистот Иван Стоилковиќ“ велат од ДУИ.

Велат „Граѓаните го очекуваат октомври. Октомври е народен референдум за достојно, чесно и резултатно претставување – а не за лаги, манипулации, скандали и корупција“.

Слични вести