ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

by vlatko 11:17
11:17

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на 35-годишнината од независноста во Тетово, обвинувајќи го градоначалникот Биљал Касами дека при одбележувањето на државниот празник го изоставил албанското национално знаме, додека во центарот на градот било поставено знамето на Вергина.

Од партијата оценуваат дека не станува збор само за протоколарно прашање, туку за постапка која, според нив, покажува каков е односот на локалната власт кон албанските национални симболи.

ДУИ потсетува на изборните ветувања на ВЛЕН за рамноправна употреба на албанското знаме, химна и национален грб со македонските државни симболи. Од партијата тврдат дека по влегувањето во Владата овие ветувања биле заборавени.

Во реакцијата се споменуваат и други случаи за кои ДУИ тврди дека покажуваат изоставување на албанското знаме, вклучително и однесувањето на одредени функционери и неговото отсуство од дел од официјални настани и активности во текот на изборната кампања.

Особено спорно за ДУИ е поставувањето на знамето на Вергина во центарот на Тетово. Од партијата тврдат дека станува збор за симбол кој не е официјален државен симбол и дека неговото поставување е спротивно на Преспанскиот договор.

ДУИ бара надлежните институции да ја проверат законската основа за поставувањето на знамето на Вергина, како и да утврдат кој го наредил, одобрил или реализирал неговото поставување.

Истовремено, бараат објаснување зошто на одбележувањето било изоставено албанското национално знаме.

Слични вести