Драматично во Радовиш – гори објект на поранешна фабрика

by jadranka 21:56
21:56

Голем пожар избувна вечерва во Радовиш, каде што е зафатен објект на поранешна фабрика, јавуваат жители на градот и објави на социјалните мрежи. Според првичните информации, пламенот брзо се проширил низ објектот, а над градот се издига густ чад кој е видлив од повеќе локации.

Засега нема официјални податоци за причините за пожарот, ниту информации дали има повредени лица или колкава е материјалната штета.

Од надлежните институции и противпожарните служби се очекуваат дополнителни информации во текот на вечерта.

Слични вести