Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница поради опасност од бегство, соопштија од Кривичен суд

by irena 12:18
12:18

Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, посочија од Кривичен суд.

И Обвинителството предложи притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, познатиот баритон Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик – соопшти вечерва Јавното обвинителство.

Осомничениот 76-годишник, информира ЈО, управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Слични вести