Доналд Трамп: Добив највисоки резултати во анкетите во мојата политичка кариера

by irena 15:06
15:06

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека „токму добил највисок рејтинг во анкетите“ во неговата политичка кариера.

Трамп во објава на платформата Truth Social изјави дека „работите се навистина одлични“, без да прецизира колкав процент на поддршка доби.

„Иако мојата одлична работа во економијата сè уште не е целосно ценета, ќе биде! Запирањето на војните и надворешните работи служи како силен пример. Исто така е одлично во границите и запирањето на криминалот. Предвидувам дека економијата, која веќе е со највисока брзина досега, и цените што паѓаат поради катастрофата на Бајден, наскоро ќе бидат на врвот на листата. Ајде повторно да ја направиме Америка голема“ – рече Трамп.

Слични вести