Домен Превц донесе злато за Словенија и на големата скокалница на ОИ

by jadranka 21:05
21:05

Словенечкиот ас Домен Превц испиша историја освојувајќи златен медал на големата скокалница на Зимските Олимписки игри во Милано.

Превц по првата серија беше втор со извонреден скок од 147 метри, но во втората буквално „експлодира“ и прелета на фантастични 154,8 метри, што беше најдобар скок во финалната серија и доволен за највисокото место на пиедесталот.

Со вкупно 301,8 поени, Словенецот зад себе го остави ЈапонецотРен Никаидо, кој по првата серија водеше со скок од 154 метри. Сепак, во втората серија Никаидо потфрли со 141 метар, па со вкупно 295 бода мораше да се задоволи со среброто.

Бронзата замина во Полска благодарение на Кацпер Томасиак кој со третиот најдобар скок во втората серија собра 291,2 поени и обезбеди место на олимпискиот подиум.

За Превц, ова злато претставува круна на сезоната во која триумираше на четирите скокалници, а во овој момент е и лидер во ФИС Светскиот куп.

Слични вести