230
Пристигнала утрово дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, пишува „ТетоваСот“.
Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот.
Од надлежните институции се очекува да потврдат дали се работи за лажен аларм, како и во претходните случаи.