Додик: Демонстрациите го оневозможија Белград да биде главен град на мировните преговори во Украина

by irena 10:10
10:10

Можноста Србија да биде „главен град на преговорите“ за мир во Украина пропадна поради уличните демонстрации, рече претседателот на Република Српска – Милорад Додик.

„Го знам тоа многу добро. Најсериозната дискусија беше за тоа Белград да биде една од дестинациите за средба на светските лидери на глобално ниво. Сега тоа е речиси исклучено. Како ќе дојдат светските лидери во Белград кога не знаете која улица е блокирана? Па, тоа е она што го добивме“, рече Додик и истакна дека наместо силен претседател, Александар Вучиќ, кој го носи авторитетот на земја што го поддржува, имало такви што одат и свиркаат.

„И што добиваме? Србија што го носи знакот на улични демонстрации и ништо повеќе. Зошто ни го правите ова“, праша Додик.

Слични вести