До 18 часот регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сè уште е активен

by irena 18:19
18:19

До 18:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, кај селото Канарево, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општина Ново Село, кај селото Бајково, каде што се зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Србица во Општина Кичево, кај селото Војшанци кон Пепелиште во Општина Неготино, каде што горело напуштено лозје, како и пожарот на улицата „Втора Македонска Бригада“ во скопската Општина Чаир, каде што била зафатена ниска вегетација.

Слични вести